Macedonian - Македонски

RatShot's picture
Submitted by RatShot on November 2, 2007 - 10:52pm

Translation of the Menu:

[FORM_MAIN]
ICON_DOCUMENTS=Документи
ICON_MUSIC=Музика
ICON_PICTURES=Слики
ICON_VIDEO=Видео
ICON_EXPLORE=Истражи
ICON_BACKUP=Резер. Копија
ICON_OPTIONS=Опции
ICON_HELP=Помош
ICON_SEARCH=Пребарај
MENU_BACKUP=Направи Резервна Копија на Датотеки
MENU_RESTORE=Врати од Резервна Копија
MENU_OPTIONS_SMALL_FONTS=Мали Букви
MENU_OPTIONS_LARGE_FONTS=Големи Букви
MENU_OPTIONS_ADD_APP=Инсталирај Нова Апликација
MENU_OPTIONS_REMOVE_APP=Отстрани Апликација
MENU_OPTIONS_REFRESH_ICONS=Освежи ги Иконите
MENU_OPTIONS_GET_APPS=Превземи и Други Апликации...
MENU_SEARCH_DRIVE=Пребарај го Уредов
MENU_SEARCH_COMPUTER=Пребарај го Компјутеров
MENU_SEARCH_WEB=Пребарај на Интернет

Translation of Documentation, I suppose ...

Macedonian:

      Поддршка за Преносната Апликација
      Општ Водич за Поддршка за Повеќето Преносни Апликации
      Тука се претставени многу од најчестите проблеми кои се јавуваат при користење на преносни апликации. Ве молиме прочитајте ги најразличните теми поместени тука за да видите дали некоја од нив се однесува на вашето прашање. Ако тоа не е случај, а не можете да ја најдете бараната информација ниту на Интернет, тогаш поставете прашање во форумите за поддршка.

      Ве молиме имајте в предвид дека овие инструкции се однесуваат само на апликациите кои доаѓаат во Формат на PortableApps.com и кои се издадени од PortableApps.com. Во сите примери, [AppName] Portable се однесува на името на апликацијата која сте ја превзеле, а x.x се однесува на бројот на верзијата на истата.

      Проблеми со Преносната Апликација
      Превземање на Преносната Апликација
      Инсталирање на Преносната Апликација
      Користење на Преносната Апликација
      Надградба на Преносната Апликација
      
      Превземање на Преносната Апликација
      За да превземете апликации од PortableApps.com, доволно е да кликнете на копчето Download од web страницата на апликацијата. Ќе се отвори SourceForge страница за превземање која автоматски ќе одбере сервер за превземање кој е блиску до вас и ќе ве пренасочи кон превземањето. (Ако користите Internet Explorer, можеби ќе биде потребно да кликнете врз линкот за директно превземање на страницата. Истиот е претставен како "If you are experiencing problems with the download please use this direct link" на страницата на SourceForge). Кога ќе го превземете file-от, снимете го на локација која подоцна лесно ќе ја пронајдете, како на пример Desktop.
      
      Инсталирање на Преносната Апликација
      PortableApps.com Мени Инсталација - За да инсталирате преносна апликација во PortableApps.com Менито, кликнете на  Опции и потоа на Инсталирај Нова Апликација. Во прозорецот што ќе се активира, кликнете на копчето Install. Потоа, дојдете до [AppName]_Portable_x.x.paf.exe file-от кој сте го превзеле и одберете го. Сега, следете ги инструкциите на екранот (ако ги има). Менито ќе се погрижи за тоа програмата за инсталација да се инсталира на вистинската локација.
      Самостојна Инсталација - За да извршите самостојна инсталација на преносна апликација, дојдете до локацијата каде се наоѓа [AppName]_Portable_x.x.paf.exe file-от кој сте го превзеле. Направете двоен клик на истиот за да започне инсталацијата. Следете ги инструкциите на екранот и одберете ја локацијата каде би сакале да се инсталира апликацијата. Во директориумот кој ќе го одберете ќе биде креиран [AppName]Portable директориум кој ќе ја содржи преносната апликација.
      
      Користење на Преносната Апликација
      Ако го користите PortableApps.com Менито, за да ја стартувате преносната апликација, само кликнете на нејзината икона во менито. Ако сакате самостојно да ја стартувате, дојдете до локацијата (директориумот) каде сте ја инсталирале и во [AppName]Portable директориумот направете двоен клик на file-от [AppName]Portable.exe. Потоа користете ја апликацијата најнормално. Треба да имате на ум неколку работи:
      
      Останете Безбедни - Кога користите преносна апликација, секогаш а добра идеја да практикувате Безбедно Користење на Преносни Апликации.
      Отстранување на Уредот - Кога сте готови со работата, затворете ги сите преносни апликации и PortableApps.com Менито. Потоа одберете ја опцијата 'Safely remove [device]' кликнувајќи на иконата со зелена стрелка во делот кај саатчето (system tray). Ако го отстраните уредот додека се користи, може да дојде до губење на податоците и оштетување на уредот.
      
      Надградба на Преносната Апликација
      PortableApps.Com Мени Надградба - За да надградите апликација со користење на PortableApps.com Менито, најпрвин треба да сте сигурни дека апликацијата не е активна. Тогаш кликнете на Опции, а потоа на Инсталирај Нова Апликација. Во прозорецот што ќе се активира, кликнете на копчето Install. Потоа, дојдете до [AppName]_Portable_x.x.paf.exe file-от кој сте го превзеле и одберете го. Сега, следете ги инструкциите на екранот (ако ги има). Менито ќе се погрижи за тоа програмата за инсталација да се инсталира на вистинската локација. Сите тековни нагодувања на програмата ќе бидат сочувани.
      Самостојна Надградба - За мануелна надградба на преносна апликација, дојдете до локацијата на [AppName]_Portable_x.x.paf.exe file_от кој сте го превзеле. Направете двоен клик врз истиот за да започне инсталацијата. Следете ги инструкциите на екранот и одберете ја локацијата каде сакате да се инсталира. За надградба, би требало да го одберете главниот директориум на [AppName]Portable во кој апликацијата е моментално инсталирана. На пример, ако апликацијата е во X:\PortableApps\[AppName]Portable, ќе треба да одберете X:\PortableApps како директориум за инсталирање. Сите тековни нагодувања и податоци ќе бидат сочувани.

( categories: )

Added

Added to the list of available menu translations.

Warum, warum, ist die Banane krumm?

хеллоу

сакав да превземам ја чекор, али сепак мило ми е што си почнал :)

хеллоу

Не е битно кој, важно да го има и нашиот јазик. ;-)

Поздрав

Па баш убаво од вас, и јас сакав да го преведам ама гледам дека некој ме преварил :)
Супер ! ! ! Само мала сугестија...
Истражи... би требало да е Пребарај...